Еве како се подготвуваат популарните колачиња во форма на полумесечини (ВИДЕО)

Еве како се подготвуваат популарните колачиња во форма на полумесечини (ВИДЕО)

Колачињата се готови за 30 минути, од состојки кои сигурно ги имате дома.Популарните кокос колачиња ги правеле и нашите баби, а ние ви пренесуваме оригинален рецепт.

Состојки за 40 парчиња:

  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 100 гр кокосово брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер (20 гр)
  • 300 гр брашно

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот издробете го со вилушка, додајте шеќер во прав, измешајте.
  2. Потоа додајте јајце, кокос, ванилин шеќер и на крај брашно. Мешајте додека не добиете компактна смеса.
  3. Од добиеното тесто, рачно правете мали колачиња и редете ги на плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
  4. Печете 15 минути на 200 степени. Кога кокос колачињата ќе бидат готови извалкајте ги во шеќер во прав, наредете ги на тацна и послужете.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега