Домашни кифлиња со сирење

Домашни кифлиња со сирење

Вкусно домашно пециво одлично за доручек или вечера.

Состојки:

  • 9 листови тенки кори за пита
  • 1 дл масло
  • 2 дл вода
  • 350 гр сирење
  • сол
  • малку сусам
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Маслото и водата измешајте ги и испрскајте помеѓу три кори. На третата кора ставете малку сирење, свиткајте ролат и сечете на мали парчиња, полжавчиња. Истото направете го и со останатите кори.
  2. Наредете ги на намастена тепсија, премачкајте ги со разматено јајце, посипете ги со сусам и оставете ги да стојат додека рерната се загрева.
  3. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути. Послужете со јогурт.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Топли кифлички кои се топат во уста

Домашни кифлички

Кој е за топли кифлички?

Млечни кифлички

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Свечена погача