ДЕЛИКАТЕС НА ДЕНОТ: Ајвар коцки за ручек

ДЕЛИКАТЕС НА ДЕНОТ: Ајвар коцки за ручек

Направете необичен, креативен и секако, многу вкусен ручек со кој ќе ја збогатите вашата трпеза. Ви нудиме коцки со ајвар, кој е актуелен периодов.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 1 кеса прашок за пециво
  • 150 мл кисело млеко
  • 250 гр ајварФИЛ 
  • 500 гр сирење
  • 150 гр пилешка шунка

Подоготвка:

  1. За да ја направите кората, во длабок сад ставете ги жолчките с киселото млеко, ајварот, брашното и прашакот за пециво. Додајте зачини по вкус.
  2. Од белките направете цврст снег и додајте ја претходната смеса, мешајќи со жица.
  3. Тестото во плех се става и се пече на загреана рерна 30 минути на 200 степени.
  4. Сирењето се ренда и се соединува со шунката која е ситно сецкана.
  5. За финализирање на ручекот, корите се вадат од рерна и се премачкуваат со филот.
  6. И најгорниот дел се премачкува, па се сече на коцки.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки