Вкусни ребра во сос за сите гурмани и љубители на месо.
Состојки:
- 2 црвени лути пиперки
- 30 гр ѓумбир
- 2 лука
- 50 гр кафен шеќер
- 150 мл пиво
- 10 мл кечап
- 100 мл соја сос
- 1,5 кг свински ребра
- 4 домати
- 4 шолји пченка
- 1 модар домат
- 300 гр пиперки
- 4 компири
Подготовка:
- Се сечат лутите пиперки и ѓумбирот и лукот се рендаат. Се се меша со шеќерот, пивото, кечапот, соја сосот и бибер. Се додава и магдонос за вкус.
- Ребрата се ставаат во кесе за замрзнување и се налеваат со сосот кој сме го добиле. Се оставаат преку ноќ во ладилник.
- Се сече зеленчукот, се вадат ребрата, се цедат и се печат на скара 40 минути. Последните 15 минути од печењето се додава и пченка и зеленчукот.
- Се сервира украсено по желба.
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин