БОГАТ ВКУС: Грчка салата со тестенини

БОГАТ ВКУС: Грчка салата со тестенини

Оваа салата има многу богат вкус, па погодна е да се послужи како лесна вечера.

Состојки:

  • 1/2 шолја маслиново масло
  • 1/2 шолја алкохолен оцет
  • 2 лажички лук во прав
  • 2 лажички сушен босилек
  • 2 лажички оригано
  • бибер
  • малку шеќер
  • 250 гр тестенини
  • 200 гр шампињони
  • 15 шери домати
  • 2 пиперки
  • 150 гр фета сирење
  • кромид
  • 100 гр маслинки
  • 1 краставица

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте маслиново масло, оцет, лук во прав, босилек, оригано, бибер и шеќер.
  2. Додајте ги  зготвената паста, шампињони, домати, пиперки, фета, кромид, исечкана краставица.
  3. Сè добро измешајте, прекријте со фолија и држете во фрижидер најмалку два часа пред служење.

На здравје!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство