Рецепт за брзо јадење: Уштипци со туна

Рецепт за брзо јадење: Уштипци со туна

Неодоливи и несекојдневни уштипци…

Состојки:

  • 300 гр туна од конзерва
  • 1 праз или кромид
  • 3 јајца
  • 3 лажици исечкан магдонос
  • 3-4 варени моркови
  • 200 гр варен грашок
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка пипер
  • бибер
  • 1/2 кг брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1/2 л млеко
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Разматете жолчки со путер и млеко, додајте мешавина од брашно, прашок за пециво, пипер и бибер, сè добро измешајте и матете 5 минути.
  2. Додајте исечкани моркови, грашок, исечкан праз и магдонос, како и разматени белки.
  3. Сè добро измешајте и оставете да отстои 30 минути на собна температура.
  4. Со лажица натопена во студена вода земајте од смесата и пржете во масло од двете страни додека не добијат златно-жолта боја.
  5. Со решеткаста лажица вадете ги пржените уштипци, редете ги на салфети за да се исцеди вишокот масло, а потоа послужете.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди