Вистинска домаќинска чорба – пробајте, нема да згрешите!

Вистинска домаќинска чорба – пробајте, нема да згрешите!

Оваа вкусна чорба е погодна и за деновите кога постите…

Состојки:

  • 100 гр шарен грав
  • 100 гр овес
  • 1 лажица масло
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 4 средни домати
  • 1 чешне лук
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажица пипер
  • сол, бибер, зачини (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Гравот и житариците измијте ги и оставете ги да набабрат во вода преку ноќ – минимум 4 часа.
  2. Пропржете ситно сечкан кромид и морков на врело масло неколку минути. Додајте грав, житарици, исечкан домат, исечкан лук, ловоров лист и пипер. Додајте 1 л вода. Чорбата горвете ја 30 минути во експрес лонец.
  3. Потоа префрлете ја во тенџере, зачинете по вкус и гответе уште десетина минути.
  4. При служењето, посипете со магдонос. Количината на вода одредете ја во зависност од саканата густина на чорбата.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо