Почнува Вегефест 2016

Почнува Вегефест 2016

Денес и утре (30 и 31.10.2016 година) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје се одржува петтиот Вегефест – настан за поддршка и промоција на вегетаријанската исхрана и начин на живот.

Организатори на Вегефест се Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, а настанот е поддржан од страна на програмата Civica Mobilitas и Младински Културен Центар.

„Фестивалот кој го организираме по петти пат, со цел да го свртиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет – фармските животни. Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација. Може да живееме и поинаку“, велат организаторите.

Целата Програма на Вегефест можете да ја погледнете ТУКА

Во рамките на настанот е предвидено и посебно детско катче, како и интересна музичка програма:

Повеќе информции за целиот настан можете да најдете ТУКА

Повеќе од 100 посни и веге рецепти

Прочитај издвоени Gotvi.mk рецепти:

Вкусни соја шницли

ВИКЕНД РЕЦЕПТ: Зелено „Добро утро“

Брза чорба од домати за цела фамилија – Рецепт кој чини 50 денари

Едноставно, а вкусно: Рецепт за варена пченка со зачини

Редена салата со модри патлиџани

Овошна енергија за работа – Одличен рецепт за сезонска овошна салата

Гвакамоле – Рецепт за вкусен и здрав намаз

Домашна веге пица – рецептот кој сите ги освои