Ручек за половина час: Пекарски ѓувеч

Ручек за половина час: Пекарски ѓувеч

Ова многу вкусно јадење се подготвува брзо и ќе биде вистински украс на трпезата.

Состојки:

  • 6 компири
  • 250 гр мелено месо
  • 1,5 шолја ориз
  • 1 главица кромид
  • моркови
  • сув зачин
  • бибер
  • конзерва исечкан домат
  • 1 лажица доматно пире

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере издинстајте ги исечканите моркови, додајте го месото, биберот и зачинот. Кога месото ќе се издинста додајте сечкан домат и доматно пире.
  2. Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња.
  3. Во огноотпорен сад наредете ред компири, преку нив ставете исчистен ориз и посолете. Потоа ставете издинстано месо со кромид и морков, а потоа од горе повторно наредете компир.
  4. Прелијте со вода, така што водата ќе ги прекрие компририте.
  5. Прекријте со фолија и ставете го садот во рерна да се пече околу 20 минути на 200 степени.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Направете селска тава – одличен вкус со малку труд

Гнездо од компири со селско месо

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Печени шницли со зеленчук

Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења