ВКУСНИ МАФИНИ: Миризлива вечера готова за 20 минути!

ВКУСНИ МАФИНИ: Миризлива вечера готова за 20 минути!

Гледањето филмови навечер со вкусни мафини не може да биде промашување!

За да не посегнете по мафини од локалната пекара или маркет ви нудиме одличен рецепт со кој ќе бидете презадоволни.

Состојки:

  • 1,5 шолји млеко
  • 6 лажици растопен путер
  • 2 јајца
  • 1,5 шолји бело брашно
  • 1,5 шолји палента
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 200 гр сирење по избор (може и фета)
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Згрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Во голем сад измешајте млеко јајца и растопен путер.
  3. Додајте брашно, палента, прашок за пециво, сол и шеќер. Дoколку сакате можете да додадете сирење веднаш, но исто можете во секој калап за мафини нахнадно да ставите коцки сирење.
  4. Истурете ја измешаната смеса во калапи за мафини, посипете со сусам, а потоа печете околу 20 минути.
  5. Освен сирење во мафините можете да додадете и салама, суво месо, суџук.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

singlepost_text