ЛЕКАР СОВЕТУВА: Како да се решите од настинка во само 24 часа?

ЛЕКАР СОВЕТУВА: Како да се решите од настинка во само 24 часа?

Веројатно никој не сака да настине и да биде со денови прикован за кревет.

Течењето и бришењето на носот, како и постојаното кашлање да не ги споменуваме. Затоа, сигурни сме дека ќе ви користат советите на професор Рон Еклес.

Докторот од Центарот за настинки во Кардиф за Дејли Мејл открил рецепт како да се изборите со настинка во само 24 часа.

7.00 Туширање со жешка вода

Жешкиот туш ќе ви ги прочисти дишните патишта со пареата, додека топлата вода ќе ги намали болките во коските. По туширањето помалку ќе кашлате.

8.00 Доручек – каша од шумско овошје

Еден час по туширањето нахранете се со намирници богати со антиоксиданси. За доручек направете каша од мешано шумско овошје. Добро ќе ви дојде и чаша сок од портокал кој ќе ви обезбеди витамин Ц.

10.00 Миење на лицето

Запушените дишни патишта ќе ви се прочистат со петминутно миење со кое ќе ги исчистите и смирите синусите.

12.00 Прошетка

Прошетка на свеж воздух ќе ви помогне да ви се отвори апетит пред ручек. Освен што ќе ви го подобри расположението, веројатно ќе ви го подигне и имунитетот. Ако сте во состојба, препорачливо е да направете и неколку вежби.

13.00 Ручек богат со протеини

Ручекот би требало да биде лесен, хранлив и богат со протеини. Најдобар избор се пилешко и салата, а за вегетаријанците јаткасти плодови и семки комбинирани со мешунки или производи од соја.

15.00 Чај од билки

Жешкиот чај од билки ќе спречи дехидрација на организмот. По чајот добро е да испиете и една чаша сок од портокал, обезбедувајќи нова доза Ц витамин.

18.00 Вечера со кари

Зачините како кари, ѓумбир или лути феферони се познати по антибактериските и антивирусните својства.

20.00 Жешка купка

Пред да одите на спиење денот заокружете го со жешка купка. Таа ќе ги опушти болните мускули и уште еднаш ќе ги прочисти дишните патишта.

22.00 Осум часа сон

Сонот е еднакво клучен за здравјето и опоравувањто, па на спиење тргнете рано и отспијте осум часа. Заборавете на ТВ, но и работни активности во кревет. Забранети се кафиња и секаков вид алкохолни пијалоци.

Повеќе вести на Готви.мк:

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате