Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.Затоа за денеска ви нудиме вкусен рецепт за празнична погача.
Состојки:
- 650 гр брашно,
- 20 гр квасец
- 125 мл млеко и топла вода
- 70 гр путер
- 50 мл јогурт,
- 1 јајце
- 2 лажици сол
- 2 лажици шеќер
- 50 мл масло
- јајце за премачкување
Подготовка:
- Квасецот се става во мешавината со топла вода и млеко, па ќе ставите брашно, сол и шеќер, и јајцата. Додадете го и јогуртот и маслото и замесете тесто.
- Тестото се остава десетина минути, па се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во кора, па потоа секоја кора се премачкува со растопен маргарин.
- Корите се редат на плех со хартија за печење, па погачата се сече на 8 дела.
- Секоја осмина се прави како плетенка, па се премачкува погачата со јајце и масло.
- Се пече 30 минути на 200 степени.СОВЕТ: Послужете со јогурт и сирење.
ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица
ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна