Чоколаден мус

Чоколаден мус

Постојат разни варијанти на чоколаден мус, но оваа е наједноставна и нуди најбрз пат до чоколадно уживање.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 200 гр црно чоколадо
  • 190 гр шеќер
  • 125 мл слатка павлака
  • 2 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките. Искршете чоколадо и растопете го на пареа.
  2. Разматете одвоено, во едната чинија белки со 100 гр шеќер, а во другата слатка павлака. Во трета чинија разматете жолчки и ванилин шеќер.
  3. Измешајте чоколадо во кремот од жолчки. Во добиената смеса внимателно измешајте разматена слатка павлака и, дури на крајот, полека измешајте ги и разматените белки.
  4. Подготвениот мус ставете го во фрижидер.
  5. Чоколадниот мус сервирајте го во чаша украсена со лист свежо нане.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед