Стобиранка прво извлекување – Дали се случил некаков пропуст или се работи за среќа?

Стобиранка прво извлекување – Дали се случил некаков пропуст или се работи за среќа?

Не запираат одгласите на социјалните медиуми, како и на дел од порталите за првото извлекување на Стобиранка. Кампањата за наградната игра на Витаминка, која со недели ја слушаме, гледаме и читаме на многу медиуми предизвика одредени сомневања помеѓу учесниците во неа.

Некој преброја – 10 награди припаднале во рацете на само едно семејство од Скопје. Од семејството изјавиле дека со недели ги консумираат производите на Витаминка и испратиле стотици пликоа за учество во наградната игра.

Па, ајде, да си го поставиме прашањето: дали е ова доволно за сомнеж?

Еве го нашиот став и мислење:

  1. Ако сакале да местат наградна игра, зар ќе доделеле награди на едно исто семејство и со една иста адреса?
  2. Од толку богат фонд на награди (автомобил, скутер…) ако местеле зарем ќе им доделеле телевизор, таблети, смартфон, (ВНИМАВАЈТЕ сега) 3 пара слушалки, ранец и пакети производи?
  3. Зарем ќе пренесуваа во живо на YouTube ако нешто беше матно и доделуваа дури 10 награди намерно на едно исто семејство?

Ние мислиме дека овие едноставни прашања даваат едноставни одговори. Со самото тоа сметаме дека не е во ред да се злоупотребува среќата на едно семејство кое очигледно многу се посветило и вложило за оваа наградна игра. Оставете ги да уживаат во сопствената радост.

Ова е став на Gotvi.mk, портал кој иако е специјализиран за храна и кулинарство и е целна група на Витаминка, воопшто не беше ни контактиран за поставување на банер во рамките на оваа голема медиумска кампања. Ова го пишуваме не за да ви се пожалиме, туку само да посочиме дека немаме никаков интерес да ја браниме компанијата Витаминка или нејзините ПР агенции.

Едноставно, сметаме дека секогаш треба да застанеме во одбрана на вистината. Барем онаа за која мислиме дека е правата.

Честитки до семејството добитник на 10 награди, како и до другите наградени. Нека ви е со среќа. А, за другите, учествувајте и повеќе среќа следниот пат.

Прочитај Gotvi.mk рецепти и совети од професионални готвачи:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула