Вкусен колач со јогурт и џем (ВИДЕО)

Вкусен колач со јогурт и џем (ВИДЕО)

Преубав, мек и вкусен колач кој брзо и лесно се подготвува!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 дл масло
  • 2,5 дл јогурт
  • 2 полни лажици кисела павлака
  • 50 гр глатко брашно
  • 200 гр остро брашно
  • половина кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте масло, јогурт, павлака, а потоа брашно измешано со прашок за пециво. Добро разматете да се разбијат грутките, па излејте ја смесата во намастен плех и печете на 170 степени околу 40 минути.
  2. Колачот прободете го со чепкалка за да проверите дали е печен од внатре. Ако на чепкалката останува залепено тесто печете уште малку.
  3. Готовиот колач оставете го малку да се излади, посипете го со шеќер во прав, пресечете и послужете.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед