Компир во сос од лимон

Компир во сос од лимон

Компирот во сос одлично оди со пикантно месо…

Состојки:

  • 800 гр помали компири
  • сол
  • 250 мл супа од коцка
  • 0,1 г шафран
  • 7 лажици сок од лимон
  • шеќер
  • бибер
  • 10 лажици маслиново масло
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Варете ги компирите во солена вода околу 25 минути, процедете ги и излупете ги.
  2. Згответе супа и шафран, по 5 минути зачинете со лимон, шеќер, сол и бибер. Додајте масло.
  3. Исечкајте ги компирите и прелијте ги со врелата маринада. Кога компирите ќе се изладат додајте сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?