„Vogue” со сторија за Македонија: Ова е земја со највкусни јадења!

„Vogue” со сторија за Македонија: Ова е земја со највкусни јадења!

Некогаш дел од Југославија, а денес Македонија е земја која го одзема здивот со своите пејзажи, благородни и љубезни луѓе, и највкусна храна која сте ја пробале некогаш во животот. Ова го пишува “Vogue”, во својата сторија за нашата земја.

– Без разлика каде ќе отидете, храната е направена со страст и љубов. Без разлика дали сте во главниот град Скопје, или некое село, храната е одлична и супер подготвена. Богата традиција, вкусно сирење и кашкавал, земјоделие…пишува Vogue.

Тие потсетуваат колку века Македонија била под турско робство, со што може да се забележи влијанието и во храната.

Планини, реки, езера, различна клима, не е ни чудо што успеваат толку култури во оваа земја, стои во сторијата каде се додава дека пиперките, макалото, бурекот, сите македонски специјалитети кои го одземаат здивот ќе се прават и понатаму од некој од семејството.

Се додава и кои места мора да бидат посетени:

Чардак- се наоѓа во боемскиот кварт Дебар Маало во Скопје, тоа е ресторан во кој живеат музиката и смеата. Прекрасен ресторан посетуван и од туристи.

Камин Чамо – традиционални јадења со локалните жители, шкембе чорба, ајвар, готвени јадења по најдобар вкус. Нема да најдете подобро.

Винаријата Стоби – една од најголемите винарии во Македонија, која призведува вина со богат вкус, пишува во сторијата за Македонија.

Повеќе вести на Готви.мк:

Почнува Фестивалот на виното во Македонско село – Еве ја програмата

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Проверете кога имате автобус до „Македонско село“ – ЈСП со нова автобуска линија

Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“