ЗАБОРАВЕНА НАПИВКА: Оригинален рецепт за боза

ЗАБОРАВЕНА НАПИВКА: Оригинален рецепт за боза

Познатата напивка, стара повеќе од илјада години, со децении е една од главните понуди на слаткарниците.

Бозата се состои од пченкарно брашно, вода, квасец и шеќер. Ако шеќерот го замените со мед, тогаш би добиле напивка која покрај тоа што ќе биде освежувачка, ќе биде и хранлива.

Состојки:

  • 500 гр пченкарно брашно
  • 5 л млака вода
  • 20 гр пекарски квасец
  • шеќер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад (лонец) одмерете брашно, прелијте го со млака вода и оставете го да отстои неколку часа (најдобро е ова да го направите навечер). Потоа ставете го лонецот на оган и гответе околу два часа. Мешајте повремено. Готвеното брашно потоа тргнете го од оган и оставете го да се излади.
  2. Во меѓувреме подгответе квасец, измешајте го со 2 дл млака вода и ставете го во готвеното брашно. Во бозата додајте шеќер по вкус, добро разладете ја и послужете со малку лед.
  3. Вака подготвената боза не смее долго да стои бидејќи ќе поприми киселкаст вкус. Најдобро е да се потроши за ден-два.

Повеќе десерти на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Пржена банана

 

 

singlepost_text