Без овој рецепт зимницата не е целосна: Пиперки во павлака

Без овој рецепт зимницата не е целосна: Пиперки во павлака

Пиперките во павлака се совршени како прилог или како салата…

Состојки:

  • 1 кг пиперки
  • 500 гр свежо сирење
  • 1,5 л млеко
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исчистете килограм пиперки.
  2. Пиперките посолете ги од внатре, па по десетина минути исцедете ги од сокот кој го пуштиле.
  3. Свежото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и наредете ги исправено во сад.
  4. Сварете масно млеко со лажица сол, па додека уште е топло прелијте ги пиперките и добро затворете го садот.
  5. Кога ќе се излади и преноќи ставете го во фрижидер.
  6. Уште три пати на секои пет дена отстранувајте го вишокот течност, па прелијте со ново посолено и сварено млеко, околу половина литар, повторно да преноќи, па во фрижидер. По три недели чинијата ќе биде полна со цврста павлака.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Вкусен појадок

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт