Идеална вечера во студените денови: Пробајте ги највкусните топли сендвичи

Идеална вечера во студените денови: Пробајте ги највкусните топли сендвичи

Доколку не знаете што да подготвите за вечера или пак за доручек, ви предлагаме да се потсетите на добриот вкус на топлите сендвичи од рерна.

Состојки:

  • стар леб
  • 1 јајце
  • исечкана шунка
  • бело сирење или фета
  • 1 чаша јогурт
  • 1 лажица павлака
  • сол
  • зачини (по желба)
  • малку млеко за омекнување на лебот

Начин на подготовка:

  1. Пред да ги ставите парчињата леб во плех омекнете ги во млеко, само од едната страна.
    Таа страна ставете ја на дното на плехот, а сувата страна премачкајте ја со смеса од горенаведените состојки.
  2. Печете околу 15 минути.
  3. Сервирајте ги топли, а за уште подобар вкус ви предлагаме сендвичите да ги украсите со кечап!

На здравје!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки