Денови за скара и пријатели – кога ќе уживаме во 2017?

Денови за скара и пријатели – кога ќе уживаме во 2017?

Сите со нетрпение ги чекаме неработните денови и најмногу од се продолжените викенди, кога може да здивнеме од работните обврски и станувањето рано наутро.Тоа се денови кога може да одиме на излет, да приготвиме семеен ручек, да прошетаме со пријателите, и да ја распалиме скарата.

Еве кога ќе имаме вакво уживање во текот на наредната година:

По празникот 11 Октомври останаа само уште два неработни дена до крајот на оваа година.

Неработни се 23 Октомври, Денот на македонската ревулуционерна борба, кој воедно е и последниот продолжен викенд за годинава.

Неработен е и 08 декември кога се празнува “Св. Климент Охридски”.

За разлика од остатокот од годинава, наредната година ќе уживаме во продолжени викенди и неработни денови.

За сите граѓани на РМ

1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден

7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (понеделник), Ден на Трудот

24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам

2 Август (среда), Ден на Републиката

8 Септември (петок), Ден на независноста

11 Октомври (среда), Ден на народното востание

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)

14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 Јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате