Тава со богат вкус: Суфле со три вида сирење

Тава со богат вкус: Суфле со три вида сирење

 Совршено суфле од јајца со три вида сирење кое може да ви послужи како семеен ручек, или како мезе за гости за секоја пригода. Со неколку состојки ќе направите деликатес во кујната.

Состојки:

  • 7 јајца
  • 200 мл млеко
  • 450 гр чедар сирење
  • 250 гр крем сир
  • 450 гр кравјо сирење
  • 100 гр пченично брашно
  • 60 гр масло
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 10 гр масло за премачкување

Подготовка:

  1.  Жолчките и млекото добро се мешаат во сад, па се додаваат трите вида сирење, убаво изрендани, брашното, прашокот за пециво и маслото.
  2. Во друг сад белките се матат и од нив се прави цврт снег, па потоа се ставаат во смесата од жолчките.
  3. Смесата се распоредува во калапи за мафини, претходно премачкани со масло и се пече околу 45 минути на 150 степени.
  4. Послужете со јогурт и парче сирење.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос