Јајца полнети со туна

Јајца полнети со туна

Идеални за послужување на забава, брзо се подготвуваат, а се многу декоративни и вкусни.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 1 конзерва туна
  • 4 лажици мајонез
  • сол
  • бибер
  • 1 чешне лук

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги јајцата и исечете ги по должина, а потоа извадете ги жолчките.
  2. Жолчките заедно со туната (од која претходно сте го исцедиле маслото), 1 лажица мајонез и лук испасирајте ги со рачка од миксер. Посолете и додајте бибер, па уште еднаш измешајте.
  3. Наполнете ги јајцата, декорирајте со мајонез, кечап и магдонос.

На здравје!

Оваа салата е особено здрава поради тоа што туната е богата со витамини, омега 3 масни киселини и протеини.

Повеќе вести на Готви.Мк.

Ќофтиња од тиквица

 

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини