ФОТО: Тијана меси лепче

ФОТО: Тијана меси лепче

Нашата позната пејачка, Тијана Дапчевиќ, на Фејсбук објави интересна фотографија на која таа меси лепче и подготвува вкусен специјалитет 🙂

Тијана објави дека ова е сцена од ТВ серијата „Преспав“ која се емитува на ТВ „Телма“.

Повеќе инфо за серијата:

ТВ серијата „Преспав“ е „сит-ком“, со информативен и забавен карактер, која од октомври 2016 година ги забавува гледачите на малите екрани. Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови.

Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.

Погледнете го трејлерот за серијата:

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)