СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Вкусни традиционални ванилици! (ВИДЕО)

СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Вкусни традиционални ванилици! (ВИДЕО)

Ванилици – колачињата кои се топат во уста. Ако сакате да уживате во вкусот кој ќе ве врати во детството погледнете го овој рецепт.

Состојки:

  • 500 гр маст
  • 800 гр брашно
  • 180 мл јогурт
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр џем (по избор)
  • 250 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете маст, јогурт и ванилин шеќер па мешајте додека состојките не се соединат.
  2. Додајте брашно и замесете тесто додека не стане глатко (околу пет минути).
  3. Развлечете кора со дебелина од 1 сантиметар и вадете кругчиња со чаша.
  4. Ставете ги во плех (не е потребно да го намастите) и печете на 200 степени 20 минути.
  5. Кога колачињата ќе станат млаки премачкајте ги со џем, па преклопете со друго колаче како сендвич.
  6. Посипете ги со шеќер во прав.
  7. Колачињата е најдобро да се послужат по неколку дена, а можете да ги чувате и до 20 дена во затворена лимена кутија.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат