ЕДНОСТАВЕН И ЕВТИН: Нежен чоколаден колач кој се топи во уста!

ЕДНОСТАВЕН И ЕВТИН: Нежен чоколаден колач кој се топи во уста!

Ќе бидете воодушевени од вкусот, но и од брзината на подготвување на овој колач!

Состојки:

  • 1 чаша (200 мл) млеко
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 3 супени лажици (со врв) какао
  • 2 јајца
  • 1 чаша брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • ванилин шеќер (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете чаша брашно, чаша шеќер, чаша масло и 3 супени лажици какао. Оваа смеса поделете ја на два дела.
  2. Во едниот дел додајте две јајца, чаша брашно, кесичка прашок за пециво, ванилин шеќер, па разматете повторно со миксер.
  3. Намастете тепсија (или ставете хартија за печење) и ставете ја смесата со брашно и јајца. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.
  4. Со чепкалка проверете дали колачот е готов: ако чепкалката е сува, колачот е испечен.
  5. Извадете го од рерна и жешкиот колач прекријте го со првиот дел од смесата.
  6. Нека отстои 1-2 часа, па исечете го на парчиња.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта