Печени пиперки за зимница

Печени пиперки за зимница

Без нив не може да помине трпезата – печени пиперки!

Состојки:

  • 5 кг долги пиперки
  • 1 л вински оцет
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • корен рен

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги, исушете ги, наредете ги во плех и печете ги во претходно загреана печка, на скара или на шпоре.
  2. Во меѓувреме, постепено загревајте ги подготвените тегли, а винскиот оцет зовријте го со шеќер и сол.
  3. Печените и уште топли пиперки редете ги во топлите тегли, притиснете ги со корен рен, па прелијте ги со оцет, затворете ги херметички, прекријте ги со чаршав или ќебе и оставете ги да се изладат.
  4. Теглите чувајте ги на студено место.
  5. Пред служење, пиперките треба да се излупат, прелијат со масло и да се посипат со сечкан лук.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text