Ако ви е доста од компир, месо, тестенини… – Овој ручек е фантазија

Ако ви е доста од компир, месо, тестенини… – Овој ручек е фантазија

Ако се мислите што да подготвите за ручек, ние го имаме одговорот за вас. Ако ви здосади од компири, месо, тестенини или пити, тогаш имаме решение за вас. Од карфиол и шунка може да се направи брз и многу вкусен ручек.Патем и еден совет, карфиолот никогаш не треба да го држите на светлина и сонце зошто брзо го губи вкусот 🙂

Состојки:

  •  1 карфиол
  • 150 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 180 гр кисела павлака
  • сол

Подготовка:

  1. Карфиолот се мие убаво, па се кине на помали делови. Се обарува во посолена вода околу десетина минути. Важно е водата добро да ја посолите, бидејќи од тоа зависи дали карфиолот потоа ќе биде вкусен.
  2. Ставете малку путер во сад да се пропржи со шунката, па на крај додајте ја и киселата павлака.
  3. Ставете го карфиолот во огноотпорен сад, ставете врз него од шунката, па од кашкавалот, и повторете ја постапката додека имате фил.
  4. Печете во рерна на 200 степени неколку минути додека не се растопи кашкавалот.
  5. Пријатно јадење!

Повеќе рецепти на Готви.мк.

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо