ГУРМАНСКО ЈАДЕЊЕ: Аргентински ќебап

ГУРМАНСКО ЈАДЕЊЕ: Аргентински ќебап

Ова е вистинско гурманско јадење…

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 300 гр варен компир
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 1 лажичка куркума во прав
  • 1 лажичка свеж сечкан магдонос
  • сол, мелен бибер
  • на врв на нож сода бикарбона
  • 6 лажички кајмак
  • брашно
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го месото со варен компир (компирот излупете го и исечете го на коцки, сварете го, добро исцедете и иситнете го со вилушка), ситно сечкан кромид и лук, ситено сечкан магдонос.
  2. Додајте 1 јајце, 1 жолчка, куркума во прав, сол, мелен бибер и сода бикарбона. Измешајте добро – треба да се соедини.
  3. Смесата поделете ја на 6 делови. Со влажни раце земете топче месо и растегнете го во елипсовиден круг, на средината ставете 1 лажичка кајмак.
  4. Затворете и израмнете со ваљак, кој претходно сте го побрашниле. Ќебапот ставете го во разматрена белка, па во презла.
  5. Загрејте масло и пржете од двете страни.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо