Домашен чоколаден пудинг

Домашен чоколаден пудинг

Кремастиот чоко пудинг послужете го шлаг…

Состојки:

  • 75 гр шеќер
  • 30 гр какао
  • 3 лажици густин
  • малку сол
  • 2 шолји обезмастено млеко
  • 1 кесичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Во сад (кој може да се загрева во микробранова печка) измешајте шеќер, какао, густин и сол. Додајте млеко и добро измешајте.
  2. Садот ставете го во микробранова, вклучете ја печката на највисока температура околу 3 минути, а потоа извадете го пудингот и измешајте.
  3. Загревајте го пудингот во микробранова уште околу 4-6 минути, но на секоја минута вадете го и мешајте го.
  4. Додајте ванила, измешајте и ставете го во садови за послужување.
  5. Садовите ставете ги во фрижидер за пудингот да се излади.
  6. Пред да послужите, украсете го пудингот со шлаг.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта