СОВРШЕН РУЧЕК: Рецепт за најдобрите натур шницли

СОВРШЕН РУЧЕК: Рецепт за најдобрите натур шницли

Натур шницлите сервирајте ги со пире од компир или варен зеленчук!

Состојки:

  • 1 кг шницли (телешки или свински)
  • 5 лажици брашно
  • половина главица лук
  • масло
  • сол, бибер
  • зачин
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Шницлите добро исчукајте ги со чекан за месо. Посолете ги и оставете ги да отстојат.
  2. Во длабока тава ставете масло и добро загрејте. Секое парче месо извалкајте го во брашно и пржете го на масло од двете страни, но на кратко. Тргнете ги шницлите на страна.
  3. Исечкајте лук и ставете го маслото во кое претходно ги пржевте шницлите, додајте половина лажица бибер и 3 лажици брашно.
  4. Додајте зачини и налијте 1 чаша вода, измешајте. Оставете го сосот да зоврие и намалете ја температурата.
  5. Вратете ги шницлите и оставете ги да се готват околу 30 минути.
  6. Послужете со пире од компир или варен зеленчук.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо