Интегрални палачинки – Рецепт со кој нема да се здебелите

Интегрални палачинки – Рецепт со кој нема да се здебелите

Речиси нема човек кој не е љубител на палачинки. Тие се прават секаде низ светот на различни начини, но сепак, за оние кои сакаат да се насладуваат, а да не стават килограм повеќе, Gotvi.mk нуди рецепт за интегрални палачинки кои ќе ви станат омилен десерт.

Состојки:

  • 100 гр интегрално брашно
  • 25 гр пченкарно брашно
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица мелени ореви
  • 1/2 лажица сода
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 1 јајце
  • 300 мл млеко со мала масленост
  • 100 гр шумско овошје

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги во еден сад двата вида брашно, солта, шеќерот, јајцето, содата, млекото и оревите додека да добиете густина како тесто за палачинки.
  2. Во тава на оган со малку масло направете ги палачинките на вообичаен начин. На секоја врела палачинка ставете од шумското овошје и врз неа ставете друга палачинка.
  3. Потоа, вака направетите палачинки ставете ги во плех во рерна и печете ги 10 минути на 180 степени.
  4. Откако ќе ги извадите од рерна може да ги декорирате со шеќер во прав или сечкано свежо овошје.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка