Брзо гурманско јадење: Запечени компири со колбаси

Брзо гурманско јадење: Запечени компири со колбаси

Компирот можете да го подготвите на различни начини, а ова е еден од најдобрите.

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 500 гр колбаси
  • 200 гр кромид
  • 300 гр морков
  • 1 дл масло
  • сол
  • магдонос – ситно исечкан

Начин на подготовка:

  1. Исчистените компири исечете ги на тенки парчиња
  2. Тенко исечете го и кромидот, морковите и колбасите.
  3. Додајте малку масло и сол, па добро измешајте.
  4. Исечените колбаси и зеленчукот наредете ги во намастена тепсија.
  5. Јадењето печете го 50 минути на 190 степени.
  6. Јадењето е готово кога компирот ќе омекне.
  7. На крај на компритите посипете со исечкан магдонос.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки