Заштитниот знак на есента: Зошто треба да јадеме костени?

Заштитниот знак на есента: Зошто треба да јадеме костени?

Питомите костени претставуваат природни извори на енергија и здравје, така што неопходни ни се во текот на овие ладни денови, но и дивиот костен, иако не е за јадење, е навистина лековит плод.Содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б. Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пира, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.

Питомите костени ја прочистуваат крвта и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат многу енергија, бидејќи содржат многу јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за зајакнување на организмот, додека во средниот век плодовите на костенот се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството.

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?