Неодоливи медени коцки

Неодоливи медени коцки

Овие вкусни медени коцки се прават многу брзо и лесно.

Состојки:

  • 100 гр шеќер
  • 125 гр путер
  • лажица вода
  • 150 гр мед
  • 2 јајца
  • 175 гр брашно
  • малку сол
  • лажичка цимет
  • сечкани бадеми

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете шеќер со лажица вода, па додајте путер и мешајте додека не се соедини. Префрлете ја смесата во сад во кој ќе го разматите тестото и оставете да се излади.
  2. Ставете мед во смесата од путер и шеќер, па во тоа додајте уште две јајца и добро разматете со миксер. На крај додајте брашно измешано со сол и цимет.
  3. Пред да го ставите да се пече, посипете со сечкани бадеми.
  4. Печете на 180 степени 30 минути во тепсија обложена со хартија за печење. Кога колачот ќе биде готов, извадете го од рерната, оставете го да се излади и потоа послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?

 

singlepost_text