Рецепт за домашен еурокрем

Рецепт за домашен еурокрем

Еве како да направите домашен еурокрем…

Состојки:

  • 150 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр млеко во прав
  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Во тава ставете го млекото, додајте шеќер и маргарин и ставете на оган. Кога ќе зоврие гответе уште три минути, а потоа тргнете ја тавата од оган.
  2. Додајте ванилин шеќер и млеко во прав и разматете со миксер.
  3. Жешката смеса поделете ја на два дела. Во едната додајте искршено чоколадо за готвење и мешајте додека не се растопи.
  4. Двете смеси ставете ги во сад. Оставете да се излади и стегне.

Уживајте!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Овошно суши

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени