Кременадли со пиперки – вкусен ручек!

Кременадли со пиперки – вкусен ручек!

Ако немате идеја за ручек, подгответе вкусни кременадли со пиперки.

Состојки:

  • 1 кг кременадли
  • 1 кг пиперки
  • 3 лажици сенф
  • 1-2 праз
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • 200 мл вода
  • 100 гр кашкавал
  • сол, бибер
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите посолете ги, премачкајте ги со сенф и оставете ги барем еден час во фрижидер.Ситно исечкајте праз и пропржете го на маслиново масло додека малку не омекне, посолете, ставете бибер.
  2. Пиперката исечете ја на ленти и зачинете ја со сув зачин и магдонос.
  3. Во тепсија прво ставете го пропржениот праз, преку него ставете ги пиперките, а над нив наредете ги кременадлите.
  4. Прелијте со вода, прекријте со фолија и печете на 200 степени 40 минути.
  5. Тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути додека течноста малку не испари.
  6. Кременадлите сервирајте ги на исечкан кашкавал, кој полека ќе се растопи.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text