Компир манџа со мелено месо

Компир манџа со мелено месо

За следниот ручек ви предлагаме да ја направите оваа чорба со прекрасна комбинација на која нема да и одолеете.

Состојки:

  • 3 лажици путер
  • 350 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 7 поголеми компири
  • 1,5 л говедска супа
  • 2 лажици сув зеленчук за супа
  • 1 шолја грашок
  • 250 мл пасиран домат
  • 50 гр сув домат
  • 2 лажици црвена пипер
  • оригано
  • босилек
  • бибер
  • вегета
  • лута пиперка (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Сушениот домат потопете го во вода и оставете го 30 минути, потоа исцедете и ситно исечкајте го.
    На путер издинстајте го ситно сечканиот кромид и лук, потоа додајте го месото и пржете десетина минути.
  2. Додајте го компирот исечен на коцки и се заедно динстајте уште десетина минути на слаб оган, често мешајќи, потоа налејте ја супата и оставете да се вари.
  3. Кога манџата ќе зоврие додајте пасиран и сув домат, сув зеленчук, грашок, црвена пипер, бибер, оригано и босилек.
  4. Гответе на слаб оган 40-50 минути, по потреба додавајте по малку вода.
  5. Додајте вегета по вкус.
  6. Служете по желба со ситно сечкана лута пиперка.

Поврзани вести на Готви.мк

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text