Рецепт за шпанска пита

Рецепт за шпанска пита

Еве како да подготвите вкусна шпанска пита.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 2 шолји млеко
  • 2 шолји масло
  • малку сол
  • 5 шолји брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 200 гр ситно сирење
  • 200 гр шунка или салама
  • 5-6 кисели краставички
  • 2-3 црвени кисели пиперки

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките. Посебно разматете ги жолчките, посебно белките. Во жолчките додајте сол, млеко, масло и измешајте. Потоа додајте брашно измешано со прашок за пециво. И на крај сирењето.
  2. Саламата, краставиците и пиперките исечете ги на коцки и додајте ги во претходно разматената смеса. На крај додајте ги и разматените белки. Добро измешајте.
  3. Смесата излијте ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени додека не порумени. Прободете со вилушка, ако на неа не остане ништо, јадењето е готово.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт