Крем супа од комир

Крем супа од комир

Ова вариво послужете го со кубети и добивате комплетен оброк.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 100 гр корен од целер
  • 500 мл бистра супа
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица путер
  • морков
  • 200 мл павлака

Начин на подготовка:

  1. Компирот и коренот од целер исчистете ги, ситно исечкајте ги, измијте ги и гответе ги околу 20 минути во бистра супа.
  2. Исчистете го морковот, измијте го и исечкајте го на фини стапчиња. Внимателно динстајте на путер не повеќе од 5 минути.
  3. Компирот и целерот во супата изгмечете ги, па додајте павлака и полека загревајте. Зачинете ја супата со бибер.
  4. Готовата супа декорирајте ја по желба и послужете.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири