Есента ни пристигна, а со неа и есенските намирници кои се полни со вкус и мирис.
Тиквата е една од омилените есенски намирници. Доколку баш и не сте љубител, пробајте малку да експериментирате и ќе создадете магија, пишува Добре Калорије.
Ова е наједноставниот начин, а потребни ќе ви бидат парче слатка тиква, малку путер и калинка.
Начин на подготовка:
- Слатката тиква исечете ја на ситни коцки и истите динстајте ги на путер.
- Ако тиквата е многу тврда додајте малку вода и динстајте додека коцките не омекнат, но не треба да се распаднат.
- Сервирајте на чинија со семки од калинка.
- Доколку сакате посладок десерт, прелијте ја тиквата со мед или друг засладувач, а ако сакате побогат десерт можете да додадете јаткасти плодови.
Уживајте!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт