Супа од печен домат и црвени пиперки

Супа од печен домат и црвени пиперки

Оваа вкусна и здрава супа многу лесно може да го замени главното јадење…

Состојки:

  • 1 кг печен домат
  • 2 пиперки бабури, испечени и крупно исечкани
  • 40 мл маслиново масло
  • 2 главици кромид, мелен
  • 3 чешниња лук, изгмечен
  • 5 гр мелен коријандер
  • 10 гр мелен ким
  • 1 л кокошја супа
  • 2 парчиња бел леб без кора
  • 20 мл балсамико оцет
  • сол и мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Намастете плех за печење, наредете ги доматите и печете ги 20 минути додека кожата не се одвои. Потоа, тргнете го плехот на страна да олади, излупете ги доматите и исечете ги на крупни парчиња.
  3. Загрејте масло во тенџере, додајте лук и кромид и гответе 5 минути додека не омекнат. Додајте коријандер и ким и гответе една минута додека смесата не се соедини. Додајте ги доматите, пиперките и супата.
  4. Откако ќе зоврие, гответе уште 30 минути на тивок оган. Додајте леб, оцет, сол и бибер и гответе уште 5-10 минути.
  5. По желба послужете со пармезан.

На здравје!

Повеќе поврзани Gotvi.mk рецепти:

Зеленчукова супа

Ладна супа за врелите летни денови

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири