Полнети ролни од месо

Полнети ролни од месо

Подгответе вкусни полнети ролни од месо…

Состојки:

  • 500 гр свинско месо
  • 2 варени јајца
  • 2 јајца
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр свински врат
  • 2 лажички магдонос
  • 1 парче леб
  • 2 лажички сол
  • малку бибер
  • 20 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Варените јајца и свинскиот врат исечкајте ги на коцки, а поситно исечкајте ги лукот и магдоносот. Ставете се во чинија. Додајте 2 јајца и истрошено парче леб (кое претходно сте го потопиле во вода и исцедиле) па зачинете и измешајте (ако е течно додајте малку презла).
  2. Шницлите растегнете ги со чекан за месо и зачинете ги. На секоја шницла ставете 2-3 лажички фил, па виткајте во ролни.
  3. Ролните редете ги во огноотпорен сад, кој претходно добро сте го намастиле со путер. И ролните премачкајте ги со путер.
  4. Поклопете го садот (или ставете го во алу фолија) и печете 20 минути на 200 степени, потоа тргнете го капакот и запечете уште 10 минути.
  5. Служете со прилог, салата, сос по желба.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук

 

singlepost_text