Вечера за 15 минути: Најбрзата паста во три чекори

Вечера за 15 минути: Најбрзата паста во три чекори

Оброк кој е готов за 15 минути мора да биде сон на секој готвач. И сега ви донесуваме предлог за јадење кое не само што ќе биде готово за миг, туку и нема да ви ги извалка садовите. Бидејќи, за овој рецепт, потребно ви е само едно тенџере.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 помала главица кромид, исечкан
  • 800 мл конзервиран домат
  • 1 рака свеж босилек
  • 500 гр тестенини по желба
  • 4 шолји вода (960 мл)
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол, бибер, пипер

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере загрејте масло, па на него пропржете ги лукот и кромидот, околу 3 минути. Потоа додајте ги останатите состојки, прелијте со 4 шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие.
  2. Откако ќе зоврие, продолжете да готвите колку што пишува на пакувањето од тестенините.
  3. Кога ќе биде готово, нема да има потреба од цедење, бидејќи тестенините ќе ја впијат течноста, а пастата ќе биде подготвена за служење.
  4. Додајте рендан кашкавал и уживајте во брзата вечера!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство