Меки мини крофни

Меки мини крофни

Меки и сочни со овошно полнење…

Состојки:

  • 170 мл млеко
  • 1 коцка квасец
  • 500 гр брашно
  • 2 јајца
  • 2 жолчки
  • 90 гр шеќер
  • 50 гр путер
  • малку сол
  • 1 л масло
  • 300 гр џем

Начин на подготовка:

  1. Загрејте околу 100 мл млеко, издробете го квасецот и додајте 150 гр брашно. Замесете и оставете на топло место околу 30 минути.
  2. Разматете јајца и жолчки со 40 гр шеќер, па додајте ги во тестото, заедно со останатото млеко и брашно. Додајте путер, малку сол, измешајте и оставете да мирува на топло, околу 45 минути, да нарасне.
  3. Од тестото направете 25 топчиња и наредете ги на крпа посипeна со брашно. Покријте и оставете ги уште 30 минути.
  4. Загрејте масло. Испржете ги крофните и оставете ги на салфети да го впијат вишокот масло. Ставете џем во шприц за украсување колачи, прободете ги крофните и ставете џем во внатрешноста.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text