Колач од бадеми

Колач од бадеми

За сите љубители на бадеми, лесен и вкусен колач кој ќе ви ја даде вистинската доза слатко со чај или кафе…

Состојки:

  • 1/2 шолја фино жолто пченкарно брашно
  • 1/2 шолја пченично брашно
  • 1 прашок за пециво
  • парче путер
  • 1/4 шолја мелени бадеми
  • 1/3 шолја шеќер во прав
  • ванилин екстракт
  • 2 јајца
  • 4 жолчки
  • 1/4 павлака

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, плехот намастете го и посипете го со брашно и масло.
  2. Со миксер разматете ги бадемите и путерот. Намалете ја брзината на миксерот и полека додавајте шеќер во прав.
  3. Набрзо додајте екстракт од ванила, јајца и жолчки. Добро измешајте.
  4. Додајте ги сувите состојки и павлакта и повторно измешајте.
  5. Ставете путер во подготвената смеса и истата ставете ја во тепсија. Израмнете ја површината.
  6. Печете најмалку 35 минути, односно додека колачот не почне да се одвојува од дното на плехот.
  7. Извадете го колачот од плехот, изладете го, а потоа посипете го со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед