РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Компир во мелено месо

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Компир во мелено месо

Сите ги сакаме компирите на кој начин и да се подготвени. Овој пат ви нудиме компир во мелено месо со неодолив вкус.

Состојки:

  • ½ компири
  • 350 гм мелено месо
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 2 пиперки
  • ½ литри врела вода
  • 200 гр домати
  • 50 мл павлака за готвење
  • зачини

 

Подготовка:

  1. Компирот излупете го и исечете го на четвртинки, морковот на ситни коцки, кромидот што е можно поситно, пиперката по желба.
  2. Во тава ставете масло и пропржете го меленото месо, додадете зачини и црвен пипер.
  3. Додајте го кромидот, компирот, доматите, морковите и оставете да се крчка петнаесетина минути.
  4. Додајте ги и пиперките и павлаката.
  5. Мешајте и послужете во длабока чинија.

Повеќе рецепти на Готви.мк: 

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт