Сигурно обожавате гиро? Еве рецепт!

Сигурно обожавате гиро? Еве рецепт!

Ако сте љубител на грчката кујна сигурни сме дека не сте пропуштиле да го пробате овој национален специјалитет.

Состојки:

  • 300 гр месо по избор
  • сок од еден лимон
  • 1 лажица сушено нане
  • 1 лажица оригано
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • сол, бибер
  • цацики сос

Состојки за пита леб:

  • 200 гр брашно
  • 100 гр интегрално брашно
  • 2 шолји вода
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го, ставете го во сад и подгответе маринада. Маслиновото масло измешајте го со лимоновиот сок, додајте сушено нане, оригано, сол, мелен бибер и изгмечен лук. Прелијте го месото со маринадата и оставете го во фрижидер да отстои неколку часа.
  2. Во сад за правење пити измешајте брашно и сол, па додајте вода и масло. Тестото добро замесете го и оставете го да отстои најмалку половина час. Поделете го на 10 топчиња и растегнете ги во големина на тавата. Премачкајте ги со малку маслиново масло и печете на загреана тефлонска тава со две страни додека не поруменат.
  3. Тестото премачкајте го со цицаки сос, на него ставете месо и додајте малку ситно сечкан кромид или некој друг свеж зеленчук по избор.
  4. Послужете со помфрит.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Имате бајат леб дома? – наместо да го фрлате направете деликатес

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Специјалитет на денот: Пита со мелено месо

Еве ги новите цени во Грција

 

 

singlepost_text