ВКУСНО: Суфле од портокали

ВКУСНО: Суфле од портокали

Изненадете ги гостите со вкусно и примамливо суфле.

Состојки:

  • 6 поголеми портокали
  • 1 лажица путер
  • 6 лажици густин
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 4 јајца
  • 2 лажици какао

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги портокалите. Засечете им го врвот и дното. Пресечете ги на половина, извадете ја средината и од неа исцедете го сокот.
  2. На благ оган во тава растопете путер, густин, какао, сок од портокал и шеќер во прав. Гответе со постојано мешање додека не згусне.
  3. Тргнете ја тавата од оган и додајте една по една жолчка за да се соедини во крем и изладете. Белките разматете ги во цврст снег и измешајте ги со кремот.
  4. Наполнете ги издлабените кори од портокали со добиената смеса и печете на 250 степени 15 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

ВИДЕО: Брз рецепт за домашен чоколаден пудинг

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече