Посна чорба со блитва и ориз

Посна чорба со блитва и ориз

Еден од безбројните рецепти од „бабината кујна“. Ако сте љубител на посни јадења или се храните вегетаријански, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

  • 200-300 гр блитва
  • 1 главица кромид
  • зачин
  • мелен бибер
  • 1 лажица брашно
  • 1 зелена пиперка
  • 2 компири
  • 50 гр ориз
  • 1 морков (половина изрендан, половина исечкан на кругови)
  • пипер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот, пиперката, половина морков изрендајте, а половина исечкајте го на кругови, па пропржете на масло, додајте измиена и исечкана блитва па и неа издинстајте ја, а потоа додајте го компирот исечкан на ситни коцки.
  2. Додајте пипер, ориз, зачин и бибер и налејте со вода да се вари.
  3. Кога зеленчукот ќе се свари додајте разматено брашно.
  4. Можете да ставите и малку лук и магдонос.

Во видеото во прилог детално погледнете го упатството за подготовка на оваа вкусна чорба:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*